Шкендија и Шкупи ги дознаа можните противници во следното коло од Конференциската лига

Од:

Македонскиот фудбалски првак Шкендија и вицешампионот Шкупи на денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги дознаа потенцијалните ривали за третото коло од Конференциската лига.

Доколку Шкендија биде поуспешна во двомечот со летонска Рига во рамки на 2. квалификациско коло, следен противник на тетовската екипа ќе биде подобриот од пресметката меѓу Фолгоре од Сан Марино и Хибернијанс од Малта.

Подобриот од двомечот меѓу Шкупи и португалската Санта Клара за противник во 3. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига ќе го има победникот од пресметката меѓу Биркиркара од Малта и словенечка Олимпија.

Второто квалификациско коло во кое Шкупи е домаќин, а Шкендија гостува во првиот натпревар, е на програмата на 22 и 29 јули, додека натпреварите од 3. квалификациско коло во третото по ранг европско клупско натпреварување ќе се играат на 5 и 12 август.

Би можело да ве интересира

Драган Стојковиќ: Утре е голем натпревар, ќе се обидеме се за да победиме

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“