Шели-Ен Фрејзер-Прајс најбрза на светот

Од:

Атлетичарката од Јамајка, Шели-Ен Фрејзер-Прајс го освои златниот медал на 100 метри на Светското првенство во Пекинг.

Тоа е нејзино трето злато на светските шампионати, до кое дојде со време од 10.76 секунди. Претходно најдобра беше во 2009 и во 2013 година.

Холанѓанката Дафни Шиферс, со време 10.81 секунди го освои среброто, а бронзата ја освои Американката Тори Боуви со време од 10.86 секунди.

Во другите финалиња денеска кениската атлетичарка Вивијан Чериот, го освои златниот медал на трката на 10.000 метри со време од 31:41.31 минути, а тоа за нејзе е четврто злато на Светските првенства. Канаѓанецот Шонси Барбер е нов светски шампион во скок со стап. Тој во првиот обид прескокна четири висини – 5.50, 5.65, 5.80 и 5.90 метри доволно за златото.

Колумбиската атлетичарка Катарина Ибаргуен го одбрани златото во трискок освоено во Москва пред две години. Во втората серија прескокна 14.80 метри доволно за златен медал.

Би можело да ве интересира

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди

(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка

Откриена заднината на скандалот со најбавната спринтерка досега, реагираше државата