Forbes: Шарапова најмногу заработила изминатата година

Од:

Руската тенисерка Марија Шарапова е права на листата според заработката на американскиот деловен магазин Forbes, познат по составување листи на најбогатите луѓе на светот и на оние кои во различни области заработиле изминатите дванаесет месеци, пренесе Макфакс.

Така, според Forbes, Марија Шарапова минатата година заработила 29 милиони американски долари. И од второто до четвртото место меѓу спортистките се тенисерки, па така втора е Американката Серена Вилијамс со заработка од 20,5 милиони долари, трета е Кинеската На Ли со 18,2 милиони и четврта е Белорусинката Викторија Азаренка со 15,7 милиони американски долари.

Меѓу десетте најбогати се уште три тенисерки, Данката Каролин Возниацики со 16, милиони, полската тенисерка Ангешка Радванса со 7,4 милини и Србинката Ана Ивановиќ со 7 милиони американски долари.

Најдобро заработила меѓу спортистките а да не игра тенис е американската автомобилистка Дениса Патрик со 15 милиони долари, а следат јужнокорејската лизгачка на мраз Ким Јуна со 14 милиони и американската играчка на голф, Пола Крамер со 5,5 милиони долари.

Меѓутоа, само Шарапова, Вилијамс и Ли успеале да влезат на листата меѓу 100-те најбогати спортисти во машка и во женска конкуренција, и тоа Шарапова е 22-ра, Вилијам 68-ма и Ли 85-та.

Минатата година од сите спортисти најмногу заработил американскиот голфер Тајгер Вудс со 78,1 милион долари, а следи швајцарскиот тенисер Роже Федерер со 71,.5 милиони и американскиот кошаркар Коби Брајант со 61,9 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари