Шарапова најбогата спортистка на светот

Од:

Марија Шарапова, осма година по ред е најбогата спортиска во светот со заработка од дури 27,1 милион долари. Таа за само една година својот имот го зголемила за 27,1 милион долари поради што, според изборот на списанието „Форбс“ повторно е прогласена за најбогата спортистка.

Долгоногата тенисерка, освен ѕвезда на тениските терени, е успешен промотер на бројните спортски и модни брендови. Всушност, во последните неколку години Марија зарботува многу повеќе надвор од терените отколку на нив, бидејќи тенисот и донел пет милиони долари заработка, а договорите надвор од теренот дури 22 милиони долари.

Таа планира наскоро да лансира и линија слатки „Шугарпова“, покрај облеката и накитот кои веќе се продаваат под нејзиното име.

На второ место на најбогатите спортистки е Кинеската На Ли (18,4 милиони долари), а следуваат Американката Серена Вилијамс (16,3) и Данката Каролина Возњацки (13,7 милиони долари).

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари