Серена Вилијамс го предаде мечот поради главоболки

Од:

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс го предаде мечот на турнирот во Вухан (Кина) поради главоболки. Таа во дуелот со Француската тенисерка Ализа Корна водеше со 6:5 во првиот сет, но поради здравствените проблеми го предаде мечот.

Нешто слично на Вилијамс и се случи и на Вимблдон во игра на двојки.

Серена Вилијамс имаше забавени двожења и делуваше дезориентирано во текот на мечот.

Својот меч од второто коло го предаде и српската тенисерка Јелена Јанковиќ. При водство на Американката Коко Вандевеге од 4:1 во првиот сет, Јанковиќ го предаде дуелот, а причината не е позната.

Од фаворитките пласман во следната рунда избори Каролине Вознијацки (Данска), која ја совлада шпанската тенисерка Суарез Наваро, додека порази претрпеа Сабине Лисицки (Германија) и Симона Халеп (Романија).

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари