Сане ја одби понудата на Манчестер Сити, заминува идното лето или порано

Од:

Напаѓачот на Манчестер сити, Лирој Сане ја отфрли понудата на клубот за обновување на договорот, изјави селекторот на тимот Јосип Гвардиола.

Со ова, 24-годишниот Германец одлучи да го напушти тимот како слободен играч следното лето, доколку не биде продаден по крајот на оваа сезона.

„Лирој рече дека нема да го обнови договорот. Ова значи дека тој ќе го напушти Манчестер сити. Ова ќе се случи или ова лето или следното кога ќе заврши неговиот тековен договор. Ние неколкупати му предложивме нов договор, но тој секогаш одбиваше, затоа што сака да игра за друг клуб. Јас сум вознемирен, навистина сакаме да го задржиме. Лерој е млад фудбалер со голем потенцијал. Се обидовме да дојдеме до договор по неговата повреда и по операцијата, но тој има и други амбиции паралелно со нашите. Ја почитуваме одлуката на Лирој. Тој само сака нов предизвик во неговата кариера,“ соопшти Гвардиола.

Претходно беше објавено дека Сане е близу до трансфер во Баерн.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ