Роналдо ја предводи ФИФА листата со 23 кандидати за најдобар фудбалер

Од:

Светската фудбалска федерација (ФИФА) и француското списание „Франс фудбал“ денеска објавија 23 имиња кандидати за наградата „Златна топка“ која традиционално се доделува на најдобриот играч во светот.

На оваа листа доминираат играчи од европскиот шампион Реал Мадрид на чело со минатогодишниот победник и најголем фаворит за одбрана на титулата Кристијано Роналдо. Од „кралскиот клуб“ номинирани се уште и Карим Бензема, Герет Бејл, Тони Крос, Хамес Родригез и Серхио Рамос, но и Анхел Ди Марија кој во првиот дел од годината го носеше дресот на Реал.

Од Барселона, на листата се Лионел Меси, Андрес Иниеста, Хавиер Маскерано и Нејмар, а Баерн Минхен го претставуваат Мануел Нојер, Арјен Робен, Марио Геце, Филип Лам, Бастијан Швајнштајгер и Томас Милер.

Другите потенцијални освојувачи на „Златната топка“ се: Диего Коста, Тибо Куртоа (Атлетико Мадрид/Челси), Еден Азар (Челси), Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ), Пол Погба (Јувентус) и Јаја Туре (Манчестер Сити).

ФИФА соопшти и список со 10 кандидати за најдобар тренер, а најголеми шанси да ја освојат наградата им се даваат на Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Јоаким Лев (Германија) и Пеп Гвардиола (Баерн).

Победниците ќе бидат објавени на 12 јануари 2015 на свеченост во Цирих.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ