Роналдо демантира ривалство со Меси во освојувањето награди

Од:

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо се осврна на коментарот на Паскал Фере, главниот уредник на списанието „Франс фудбал“, кое ја доделува „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот, истакнувајќи дека новинарот лаже кога е во прашање неговото наводно ривалство со Лионел Меси.

Фере за весникот „Њујорк Тајмс“ изјави дека единствената амбиција на Роналдо е да замине во фудбалска пензија со повеќе награди за најдобар светски фудбалер од Меси.

Аргентинецот Меси вчеравечер по рекорден седми пат ја освои „Златната топка“, додека Роналдо во кариерата има пет награди на „Франс фудбал“.

– Паскал Фере лажеше, го искористи моето име за да се промовира самиот себе и списанието за кое работи, објави Роналдо на својот Инстаграм профи и додаде: Неприфатливо е личноста, која е задолжена за доделување на толку престижна награда да може толку да лаже. Со тоа тој покажа непочитување кон основните вредности за кои се залагаат „Франс фудбал“ и „Златната топка“.

Роналдо истакна дека не освојува награди против некој друг.

-Јас освојувам награди за самиот себе, клубот, кој го претставувам и оние, кои ме сакаат. Не освојувам награди против некој друг. Мојата најголема амбиција е моето име да остане запишано со златни букви во историјата на фудбалот, порача Роналдо.

Би можело да ве интересира

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ