Ристеска истрча личен рекорд на Европското првенство во атлетика

Од:

Македонската атлетичарка Христина Ристеска во трката на 400 метри на Европското првенство што се одржува во Цирих, Швајцарија истрча личен рекорд.

Таа патеката ја мина за 57.47 секунди и за 97 стотинки го подобри личниот резултат што претходно го имаше постигнато 2009 година во Софија. Воедно, таа за една секунда и осум стотинки оствари време подобро од досега најдоброто лично оваа година (58.55).

Ристеска и покрај личниот рекорд имаше последен резултат во квалификациите на 400 метри и го освои 29. место.

Најдобро време 51.16 секунди, во квалификациите имаше Олга Земјак од Украина.

Покрај Ристеска на шампионатот во атлетика во Цирих ќе настапи и Ристе Пандев. Тој во четврток ќе трча во квалификациите на 200 метри.

Би можело да ве интересира

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди

(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка

Откриена заднината на скандалот со најбавната спринтерка досега, реагираше државата