Реал Мадрид ќе игра во финалето на клупското СП

Од:

Европскиот фудбаслки шампион Реал Мадрид се избори за финале на Светското клупско фудбалско првенство кое се одржува во Јапонија. „Кралскиот клуб“ денеска во полуфиналето го победи Клуб Америка (Мексико) со 2:0.

Стрелци на головите беа Карим Бензема во втората минута од судиското надополнување во првото полувреме и Кристијано Роналдо во третата минута од дополнителното време во второто полувреме.

Противник на Реал Мадрид во борбата за трофејот ќе биде Кашима (Јапонија).

За третото место ќе играат Атлетико Насионал (Колумбија) и Клуб Америка.

Петтото место на Светското првенство во Јапонија го освои Џонбук (Јужна Кореја) со победата над Мемелоди (Африка) со 4:1.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ