Разликата во платите на Меси и Роналдо е огромна

Од:

Sвездата на Барселона, Лионел Меси зема двојно поголема плата на Кристијано Роналдо. Ова стана јасно од податоците, споделени од угледниот француски весник „Екип“.

Според информациите, бруто-месечната плата на Меси во Барселона, изнесува 8,3 милиони евра, додека Роналдо прима 4,5 милиони евра од Јувентус пред даноци. Третото до петтото место на рангирањето ги делат Нејмар (ПСЖ), Антоан Гризман (Барселона) и Луис Суарез (Барселона), кои заработуваат по 3 милиони евра бруто секој месец. Следни се Герет Бејл и Еден Азар (обајцата од Реал Мадрид) со по 2,5 милиони. Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе е осми со 1,9 милиони.

Шпанскиот репрезентативец Давид де Хеа е најскапиот играч во Премиер лигата. Голманот на Манчестер Јунајтед заработува бруто плата од 1,76 милиони месечно. По него се Месут Озил (Арсенал) и Кевин де Бруин (Манчестер Сити) со по 1,64 милиони.

Највисоки плати во Бундеслигата земаат двајца играчи на Баерн. За Роберт Левандовски и Филипе Кутињо (игра отстапен од Барселона), баварците одвојуваат по 1,66 милиони евра.

Најплатени во Серија „А“ по Кристијано Роналдо се неговите соиграчи во Јувентус Гонзало Игуаин и Паоло Дибала, кои земаат соодветно 1,09 и 1,06 милиони евра месечно, пред даноци.

Најмногу од тренерите во најсилните првенства во Европа зема Диего Симеоне, кој добива бруто плата од 3,6 милиони евра во Атлетико (Мадрид). Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е втор со 1,94 милиони. Следат Жозе Мурињо (Тотенхем) и Јирген Клоп (Ливерпул) со по 1,46 милиони евра секој пред данок.

Зинедин Зидан зема плата од 1,4 милиони евра од Реал Мадрид, додека Интер му плаќа на Антонио Конте плата од 1,38 милиони секој месец. Новиот тренер на Барселона, Кике Сетиен зема бруто од 500.000 евра секој месец.

Би можело да ве интересира

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ