Рамос обвинет од УЕФА за жолтиот картон против Ајакс

Од:

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос беше обвинет од УЕФА дека намерно добил жолт картон за време на првиот осминафинален судир од Лигата на Шампионите против Ајакс. Централниот дефанзивец беше доби картон во 89-тата минута од натпреварот во Амстердам, освоен од „белите“ со 2: 1. Тој ќе го пропушти реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, но ќе биде на линија за судирот во четвртфиналето.

Веднаш по дуелот со Ајакс, Рамос изјави пред новинарите дека „би лажел“, ако негирал дека намерно си добил картон. Подоцна дефанзивецот се обиде да појасни дека имал предвид дека намерно го извршил само прекршокот за да спречи израмнувачки гол за Ајакс.

УЕФА објави дека тече истрага, а Рамос е обвинет по член 15. Ако биде прогласен за виновен на седницата на Дисциплинската комисија на 28 февруари, капитенот на Реал може да добие поголема казна и да пропушти повеќе од еден натпревар.

Би можело да ве интересира

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА