Р.Б. Лајпциг се извини на јапонските навивачи што не ги пушти на стадионот заради коронавирус

Од:

Германскиот клуб РБ Лајпциг се најде во прилично непријатна ситуација изминатиот викенд пред натпреварот со Баер Леверкузен.

Обезбедувањето на стадионот на клубот избрка околу 20 јапонски навивачи од последниот натпревар на тимот.

Лајпциг се извини за нивното протерување, што очигледно се должи на стравувањата од коронавирус кој доаѓа од Азија.

Клубот призна дека им наредиле на чуварите „да покажат поголема будност и да ги засилат проверките на одредени групи за зголемен ризик“ пред нивниот меч со Баер Леверкузен во текот на викендот.

Клубот соопшти дека „направиле грешка, во услови на конфузија и неизвесност за зараза со коронавирус“.

Од раководствот на тимот рекоа дека се обидуваат да контактираат со прогонетите навивачи за да ги поканат на нивниот следен натпревар.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ