Фитнес зоната во парк шумата Гази Баба од денеска е достапна за сите љубители на спортот и рекреацијата. На површина од 200 метри квадратни поставени се реквизити за сите возрасти и спортисти. Дел од нив се адаптирани и за лицата со хендикеп.
Опремата е по светски стандарди е наменета за физичка кондиција на целото тело. Овој проект се реализираше со помош на Агенцијата за млади и спорт.
Градоначалникот Георгиевски заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски при посетата денес и официјално ја отворија новата фитнес зона.Со ова, граѓаните од Железара и околните населени места во своја близина добија свое катче за рекреација и спорт и тоа во природа, во парк шумата, која претставува природно богатство на општината, а бенефит за граѓаните, соопшти Општина Гази Баба.