МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Од:

МВР поднесе кривична пријава против В. М. (31) поради основано сомнение дека сторил кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – ,,злоупотреба на службена положба и овластување”, со тоа што во текот на 2021 година, со неизвршување на своето службено овластување како в.д. директор на ЈКП „Гази Баба 2007″ Скопје го оштетил буџетот на Општина Гази Баба во износ од 1.218.000 денари.

Од МВР информираат дека Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција преземаше предистражни дејствија и во координација со СВР Скопје, Единица за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против В. М. (31) поради основано сомнение дека сторил кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – ,,злоупотреба на службена положба и овластување”.

-Пријавениот во својство на в.д. Директор на ЈКП “Гази Баба 2007” Скопје во текот на 2021 година, со неизвршување на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес, покрај останатите, ангажирал седум сезонски работници кои не потпишале писмен договор за работен ангажман во ЈП, за кои не извршил контрола на редовноста на нивните работни места, и истите биле водени како наводно да биле редовно приситни на работа а за кои пријавениот потпишал и од Буџетот на Општина Гази Баба им исплатил плата во вкупен износ од 1.218.000,00 денари за нивното наводно ангажирање, за кој износ седумте лица се стекнале со противправна имотна корист а на штета на Буџетот на Општина Гази Баба, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он