Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Од:

На последната седница на Советот на општина Гази Баба, градоначалникот од ДПМНЕ, Бобан Стефковски, со кршење на Деловникот одби да го стави на на дневен ред Барањето за бесплатен превоз на учениците.

Советниците од Левица поднесоа Барање за бесплатен превоз на учениците кои учат во ООУ „Његош” – Колонија, а кои живеат во населените места Гоце Делчев, Идризово и Дрма. Во минатото, сите ученици од овие места имаа бесплатен превоз, за подоцна истиот да биде укинат.

Потсетуваме дека веќе има организиран бесплатен превоз за училиштето во Огњанци, каде има албански паралелки. Односно, на ваков начин флагрантно се врши дискриминација врз децата кои учат во македонски паралелки!

Градоначалникот Бобан Стефковски должи објаснување на родителите, кои живеат во овие населби во Гази Баба, зошто на нивните деца не им следува бесплатен превоз. Општината и градоначалникот не смее да штедат на децата, во услови кога милионски суми од општинскиот буџет завршуваат во непродуктивни цели, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

Левица на Економскиот форум во Владивосток: Македонија мора да ги препознае можностите на новиот мултиполарен свет

А1он

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

Левица: Вирусот од западнонилска треска не исчезнува затоа што ДПМНЕ престана да објавува неделни извештаи

А1он

ДПМНЕ ќе менува закон за да може Перински со диплома од фискултурно да управува со ФЗО, тврди Левица

A1on

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност