Прво четвртфинале за Ивановиќ на US Open

Од:

Со одличната игра, Ана Ивановиќ, во осминафиналето, ја елиминира бугарската тенисерка Цветана Пиронкова со резултат 2:0 во сетови (6:0, 6:4), а следен противник најверојатно ќе и биде Серена Вилијамс.

„Ако играм против Серена, ќе барам освета, затоа што тука губев два пати по ред од неа. Ќе се обидам да уживам на теренот и да играм најдобро што можам“, изјави српската тенисерка.

„Навистина е одлично повторно да се биде во четвртфиналето на еден Грен слем и по прв пат во Њујорк. Во првиот сет одиграв практично без грешка и знаев дека во вториот ќе биде потешко. Сепак успеав да го добијам мечот и сум многу задоволна“, додаде Ивановиќ.

Сакам да уживам во овој момент, да бидам среќна. Кога е во прашање враќањето по повредите, имав многу успеси и падови, пред се затоа што е тешко да бидеш константен, да играш добро во континуитет и тоа најмногу ми недостасуваше“, истакна Ана.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари