Познати учесниците во 1/16 финалето од Лига Европа

Од:

На фудбалските терени ширум Европа синоќа се играа натпреварите од последното коло во групите по кои се познати сите учесници во следната фаза. Натпреварот во Лисабон меѓу Спортинг и Видеотон е одложен за денеска поради поплавен терен.

Резултати од 6.коло и табели по групи:

Група А: Јанг Бојс – Анжи 3:1, Удинезе – Ливерпул 0:1.
Табела: Ливерпул 10 бодови, Анжи 10, Јанг Бојс 10, Удинезе 4.

Група Б: Викторија Плзењ – Атлетико Мадрид 1:0, Хапоел Тел Авив – Академика 2:0.
Табела: Викторија Плзењ 13 бодови, Атлетико Мадрид 12, Академика 5, Хапоел Тел Авив 1.

Група Ц: Фенербахче – Борусија Менхенгладбах 0:3, АЕЛ – Олимпик Марсеј 3:0.
Табела: Фенербахче 13 бодови, Борусија Менхенгладбах 11, Олимпик Марсеј 5, АЕЛ 4.

Група Д: Маритимо – Бриж 2:1, Бордо – Њукасл 2:0.
Табела: Бордо 13 бодови, Њукасл 9, Маритимо 6, Бриж 4.

Група Е: Штутгарт – Молде 0:1, Копенхаген – Стеауа 1:1.
Табела: Стеауа 11 бодови, Штутгарт 8, Копенхаген 8, Молде 6.

Група Ф: Дњипро – АИК 4:0, Наполи – ПСВ 1:3.
Табела: Дњипро 15 бодови, Наполи 9, ПСВ 7, АИК 4.

Група Г: Спортинг – Видеотон (денес) , Генк – Базел 0:0.
Табела: Генк 12 бодови, Базел 9, Видеотон 6 (натпревар помалку), Спортинг 2 (натпревар помалку).

Група Х: Партизан – Рубин Казан 1:1, Интер – Нефчи 2:2.
Табела: Рубин Казан 14 бодови, Интер 11, Партизан 3, Нефчи 3.

Група И: Олимпик Лион – Ирони 2:0, Атлетик Билбао – Спарта Прага 0:0.
Табела: Олимпик Лион 16 бодови, Спарта Прага 9, Атлетик Билбао 5 и Ирони 2.

Група Ј: Тотенхем – Панатинаикос 3:1, Марибор – Лацио 1:4.
Табела: Лацио 12 бодови, Тотенхем 10, Панатинаикос 5 и Марибор 4.

Група К: Рапид Виена – Металист Харков 1:0 и Баер Леверкузен – Розенборг 1:0.
Табела: Металист Харков 13 бодови, Баер Леверкузен 13, Розенборг 6, Рапид Виена 3.

Група Л: Твенте – Хелсингборг 1:3, Леванте – Хановер 2:2.
Табела: Хановер 12 бодови, Леванте 11, Хелсингборг 4, Твенте 4.

Пласман во следната фаза обезбедија: Ливерпул, Анжи, Атлетико Мадрид, Викторија Плзењ, Фенербахче, Борусија Менхенгладбах, Бордо, Њукасл, Стеауа, Штутгарт, Дњипро, Наполи, Генк, Базел, Рубин, Интер, Олимпик Лион, Спарта Прага, Лацио, Тотенхем, Металист, Баер Леверкузен, Хановер и Леванте.

Нив ќе им се приклучат осумте третопласирани од групите во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ