Португалската фудбалска репрезентација е победник во првото издание на Лигата на нации. Португалците вечерва во Порто во финалето ја совладаа Холандија со 1:0.
Стрелец на единствениот гол на „Драгау“ беше Гонсало Гедеш во 60. минута.
Третеото место им припадна на фудбалерите на Англија кои денеска ја победија Швајцарија по изведување на пенали со 6:5.