Политано во Наполи за 23 милиони евра

Од:

Наполи го објави трансферот на Матео Политано од Интер. Дваесет и шест годишниот напаѓач првично доаѓа како изнајмен за 18 месеци за 2 милиони евра, при што потоа се наметнува и задолжителна клаузула за откуп вредна 21 милион евра.

Офанзивниот играч не се вклопува во шемата на Антонио Конте, поради што реши да замине. Пред неколку дена тој беше на чекор да се врати во родната Рома, но во последен момент Интер се повлече од договорот.

Политано има три натпревари за италијанската репрезентација и еден гол во нив. „Нероазурите“ платија 26,1 милиони евра на Сасуоло за неговите услуги пред две години.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Бизарна причина го кочи големиот трансфер

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

ВИДЕО: Елмас со Наполи стана шампион на Италија

Катерина Ѓуровски