Пол позиција за Хамилтон

Од:

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Белгија што ќе се вози на патеката „Спа Франкошампс“.

Тој денеска во квалификациите имаше најдобро време, додека втор резултат постигна неговиот клупски колега Нико Розберг.

Трето време во квалификациите имаше Валтери Ботас од Вилијамс, кој имаше минимална предност во однос на Роман Грожан од Лотус. Но, поради промената на менувачот Грожан ќе стартува од 9. позиција.

Ланскиот победник на оваа патека Даниел Рикардо ќе стартува од позицијата број шест. Стартот на утрешната трка е во 14 часот.

Би можело да ве интересира

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он

Хамилтон: Болидот како да не сака да биде подобар

А1он

Пол позиција за Хамилтон

Од:

Британецот Луис Хамилтон од „Мерцедес“ ќе стартува од пол позицијата на 10-та трка оваа сезона во формула 1 што се вози за Големата награда на Унгарија на патеката во Хунгароринг.

Тој до третата пол позиција по ред стигна со најдоброто време на денешните квалификации.

Во првиот ред до него ќе биде светскиот првак Себастијан Фетел од Ред Бул, а трет резултат постигна возачот на Лотус, Роман Грожан.

Разликата меѓу првиот Хамилтон и вториот Фетел беше само четири стотинки.

Хамилтон е единствениот возач, кој последните десет години на трката во Хунгароринг од пол позицијата успеал да стигне до победата. Тоа му успеа во 2007 и 2012, а победа на оваа патека има и 2009 година.

До Грожан за четвртото место се избори Нико Розберг од Мерцедес, а по него следат Фернандо Алонсо од Ферари и Кими Раиконен од Лотус.

Стартот на трката е утре во 14 часот.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин