Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Од:

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, потврди дека светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен ужива посебен статус и се осврна на позицијата на Луис Хамилтон во Мерцедес како „најуспешен возач на сите времиња“.

– Ова е неизбежно во секој спорт што можам да го замислам. Макс дојде кај нас како тинејџер, а сега е светски шампион. Мислам дека е исто и со Луис Хамилтон. Тој стана најуспешниот тркачки возач на сите времиња. Тој има поголемо влијание во тимот во споредба со неговиот партнер, бидејќи неговата вредност за тимот е многу поголема.

Важно е да не претерате. Секако дека центарфорот, ѕвездата има одредени привилегии, но сепак е дел од тимот. Нема место за примадони, инаку една личност станува поважна од целиот тим. Не можете да ги постигнете вашите цели без поддршка од вашиот тим, без соодветни алатки. Треба да одржуваме рамнотежа: да го почитуваме статусот на спортистот, но и да работиме заедно, изјави Хорнер.

Верстапен е освојувач на шампионскиот трофеј во Формула 1 во последните три сезони.

Би можело да ве интересира

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона

Волф: Ред бул веќе неколку месеци е под истрага за пречекорување на буџетот