Погба официјално нов член на Јунајтед за рекордни 105 милиони евра

Од:

Конечно заврши трансфер сагата на францускиот репрезентативец Пол Погба во Манчестер Јунајтед.

И официјално, од „Олд Трафорд“ потврдија дека Погба нов член на Манчестер Јунајтед.
Неговиот премин од Јувентус во Манчестер Јунајтед, „црвените ѓаволи“ ќе ги чини неверојатни 105 милиони евра, со што 23-годишниот Французин стана најскапиот фудбалер во историјата на овој спорт.

– Среќен сум што повторно доаѓам во Манчестер јунајтед. Овој клуб секогаш имаше посебно место во моето срце, чувствував дека е судбина да се вратам овде и да освојувам трофеи. Ова е вистинскиот момент за враќање на „Олд трафорд“. Со нетрпение чекам да почнам да играм за Жозе Мурињо“, изјави Погба по компетирањето на транферот.

Французинот пред четири сезони беше дел од тимот на „Олд Трафорд“ по што како слободен играч мина во редовите на Јувентус со кој освои три шампионски трофеи во Италија.
Договорот на Погба е на пет години, а Французинот ќе заработува неделно по 310.000 евра.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ