Погба нема да игра од почетокот на дербито против Тотенхем

Од:

Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер планира да го задржи францускиот ас Пол Погба на клупата барем на почетокот на дерби-мечот противТотенхем во петок, пишуваат англиските медиуми повикувајќи се на извори во клубот.

Очекувањата беа дека Французинот ќе формира тандем со новиот додаток Бруно Фернандеш, откако двајцата одиграа многу добро во контролната против Вест Бромвич неодамна.

Поради повеќе повреди на глуждот, Погба има само два настапи од септември и сега се претпоставува дека Солскјер нема да брза да го враќа во почетниот состав.

Навивачите се надеваа дека двајцата ќе играат заедно веднаш, но Солскјер претпочиташе да започне со оние кои добро напредуваа пред паузата, имено Фред, Скот Мектомини и Немања Матиќ.

Фернандеш има 3 гола и три асистенции од влегувањето во тимот во февруари, а Погба дефинитивно би можел да биде џокер во потрагата на „црвените ѓаволи“ да стигнат до место кое ги носи во ЛШ.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ