Почина 15-годишен хрватски фудбалер, колабирал на теренот

Од:

15-годишен фудбалер, кадет на фудбалскиот клуб Самобор починал во болница откако колабирал на теренот за време на натпревар, објавено е на веб-страницата на Хрватскиот фудбалски сојуз.

„Во 60. минута од натпреварот му кажа на судијата дека не се чувствува добро, а судијата го упати кон лекарите. Се онесвести и престана да дише. Лекарите успеаја да го одржат во живот додека не дојде брзата помош. Натпреварот беше запрен бидејќи играчите беа потресени“, пишува во официјалниот записник на натпреварот.

„Во овие тешки моменти кои го снашле целиот самоборски и хрватски спорт, упатуваме искрено сочувство до нашите пријатели од Самобор. Со нив и со семејството на починатиот ангел сме во мислите”, објавено е на фејсбук страницата на фудбалскиот клуб Бистра. ФК Самобор преку социјалните мрежи изрази сочувство.

Порака со сочувство испрати и Хрватскиот фудбалски сојуз:

„Хрватскиот фудбалски сојуз изразува најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и соиграчите на младиот Мартин за оваа шокантна и непоправлива загуба“.

Би можело да ве интересира

УЕФА на Хрватска и ја изрече најголемата казна во историјата поради расистичко однесување на навивачите

Предраг Петровиќ

Модриќ: Ќе играм за Хрватска и во Лигата на нации

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Аргентинските навивачи со тенк на улица го чекаат натпреварот со Хрватска

Русите имаат решение за мистеријата од Загреб

А1он

Далиќ останува хрватски селектор

Ана Ололовска