Победничко враќање на Надал

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го одигра својот прв меч на тврда подлога по една година и без поголеми проблеми дојде до победа. Во натпреварот од второто коло на Мастерсот во Индијан Велс славеше против домашниот тенисер Рајан Херисон со резултат 7:6 (7:3), 6:2.

Шпанецот поведе на стартот од мечот со 4:1, но потоа  му дозволи на противникот да се врати во игра. Сепак во тај-брејкот не дозволи изненадување. Надал стигна до триумф по еден час и 34 минути игра.

nadal-indijan-01

„Задоволен сум што поминав во следното коло. Тоа е најважната работа. Пред две недели не ни знаев дека ќе играм на Индијан Велс, но сега сум пресреќен. Ова беше важна победа против одличен противник“, изјави Надал.

Петтиот рекет на светот истакна дека многу добро знае на што мора да поработи во наредниот период.

nadal-indijan-02

„Морам да поработам на физичката подготвеност, особено на движењата. Оваквите мечеви многу ми помагаат. Секоја победа ми е битна, бидејќи ми дава шанса да играм уште еден ден. Мечевите се тие што ми се потребни во моментов“, рече Надал.

Во следното коло Надал ќе игра против Аргентинецот Леонардо Мајер, кој го победи Михаил Јужни со  6:2, 6:3.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ