Победи за водечката тројка во кошаркарската Суперлига

Од:

Трите водечки екипи во македонскиот кошаркарски шампионат вечерва постигнаа победи во рамки на 8.коло.

Актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром во скопски Сарај ја совлада Лирија со 93:80. По четвртини: 26:19; 22:16; 21:20 и 24:25.

Борис Бакиќ со 21 поен беше најефикасен во победничката екипа, а кај домаќините Балша Радуновиќ реализира 27 поени.

Ова беше седма победа за „аеродромци“ во осмиот натпревар од Суперлигата со што се најде на чекор на обезбедување на пол-позицијата пред стратот на плеј-офот.

За домаќините поразот од МЗТ Скопје значи губење на шансите за учество во разигрувањето за титулата каде ќе се натпреваруваат првите четири пласирани екипи.

Постигнати резултати на другите два вечерашни натпревара од 8.коло во кошаркарската Суперлига: Работнички – Фени Индустри 83:78 и Кожув – Куманово 91:86.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 7-1 (победи-порази), Кожув 6-2, Работнички 5-3, Фени Индустри 3-5, Куманово 2-6 и Лирија 1-7.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ