Победи за Јотовски и Грабул

Од:

Шест македонски тенисери се најдоа во „главниот ждреб“ на три фјучрс турнири.

Томислав Јотовски во 1. коло на турнирот во Нови Сад го победи младиот македонски тенисер Давид Мицевски, за кого ова беше прв настап на турнир изборен преку квалификации. Јотовски беше сигурен со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0 во гемови).

Јотовски во следното коло ќе игра против третиот носител Глеб Сакаров од Франција, кој со 7:5 и 6:2 го совлада македонскиот тенисер Стефан Мицов.

Утре настап ќе има и Шендрит Деари против Антун Пехар, кој игра на местото на првиот носител Ласло Ѓере од Србија.

Димитар Грабул на фјучрсот во Белгија славеше над домашниот тенисер Симон Стивенс со 6:3 и 6:1 во гемови. Следен ривал на Грабул е квалификантот од Германија, Даниел Алтмаер.

Бесир Дургути не успеа да ја мине првата пречка на фјучрсот во Чаковец и загуби од Швајцарецот Јенс Хосер со 6:4 во двата сета.

Дел од македонските тенисери ќе настап и во игра на двојки на истите турнири.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ