Победи на Работнички и на Карпош Соколи во натпреварите од Супер лигата

Од:

Екипите на Работнички и на Карпош Соколи забележаа победи против Куманово, односно Кожув во натпреварите од 2.коло на кошаркарската Супер лига одиграни вчеравечер.

На средбата одиграна во салата „Градски парк“ во Скопје, кошаркарите на Работнички го совладаа Куманово со 87:69, додека Карпош Соколи го победи Фени Индустри во Кавадарци со 90:78.

Во саботата во Гевгелија, актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром славеше победа над Кожув со 77:71.

Со по две победи по двете одиграни кола на првите две позиции се МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи, трет е Работнички со една победа и еден пораз, а Куманово, Кожув и Фени Индустри имаат по два пораза.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ