Победа за Ѓорческа, пораз на Мицов во четвртфиналето

Од:

Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето, а Стефан Мицов загуби во четвртфиналето на фјучрсот во Хрватска што се игра во Бол. Во денешниот меч од четвртфиналето Лина Ѓорческа (2.носител) ја победи Аргентинката Џулиета Лара Естабле (8.носител) со 2:0 во сетови.

Првиот сет нашата тенисерка го доби со 6:2 во гемови, а во вториот беше подобра со 6:4 во гемови. Во полуфиналето нашата тенисерка ќе игра против Тена Лукас (Хрватска, 3.носител), која денеска ја победи Словенката Пиа Чук со истиот резултат – 6:2 и 6:4 во гемови.

Попладнево Ѓорческа заедно со Германката Кристина Шаковец (први носителки) ќе играат во полуфиналето во двојки против Маријана Дражиќ (Хрватска) и Тереза Клајнштебер (Германија).

За разлика од неа Мицов на истиот турнир но во машка конкуренција, по двете квалификациски кола стигна до четвртфиналето и денеска загуби од Германецот Оскар Оте со 2:0 во сетови (6:2 и 6:1). За пласманот во четвртфиналето Мицов ќе добие два нови бода и ќе има можност да го подобри својот ранг.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари