Победа на Јотовски за полуфинале

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да победи во четвртфиналето на фјучерс турнирот во Сомбор, Србија.

Македонецот во три сета беше подобар од Матеј Шабанов од Хрватска со 2:1. Првиот сет го доби Шабанов со 6:4 во гемови. Следниот му припадна на Јотовски со 6:4, а во решавачкиот нашиот тенисер беше поуспешен со 6:2 во гемови.

Во текот на мечот Јотовски имаше шест брејка од 17 можности, а Шабанов четири од шест. Ова за Јотовски е прво полуфинале.

Противник на македонскиот тенисер во полуфиналето ќе биде победникот од мечот Глеб Шахиров (Франција) и Дејан Катиќ (Србија).

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари