Пет македонски тенисери во Сокобања, Ѓорческа настапува во Варна

Од:

Македонските тенисери продолжуваат со настапите на фјучрс турнирите, па така оваа недела петмина ќе настапат на фјучрсот во Сокобања, Србија (награден фонд 10.000 долари).

Денеска настап во првото коло имаат Стефан Мицов против Доминик Шуц од Чешка и Шендрит Деари против Иван Шабанов од Хрватска.

Во двојки со Александре Маса, Мицов ќе играат против Србите Душан Вукчевиќ и Филип Грбиќ.

Другите тројца наши тенисери своите мечеви треба да ги играат утре: Томислав Јотовски (8.носител) за ривал го има квалификантот од Бугарија Данаил Тарпов, Димитар Грабул ќе игра против Марсел Валох (Австрија, квалификант), а Бесир Дургути за противник го има Французинот Меди Шетар.

На фјучрсот во Варна, Лина Ѓорческа денеска го игра мечот во двојки со Олга Дорошина од Украина се први носителки и ќе играат против Симона Јонеску и Александра Перпер.

Ѓорческа (4. носителка) утре во 1. коло во поединечна конкуренција ќе игра против Јулија Терзијска од Бугарија.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари