Перез: Роналдо е навреден, но останува во Реал Мадрид

Од:

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е лут и навреден поради тоа што шпанските обвинители подигнаа обвинение против него за затајување данок, но нема да ја напушти Шпанија, тврди претседателот на клубот Флорентино Перез.

Португалецот од Перез побара дозвола да го пушти во друг клуб, откако тој беше обвинет дека на Девствените острови сокрил 14,7 милиони, но првиот човекот на Реал Мадрид ја отфрли таквата можност.

– Роналдо има договор до 2021 година. Она што го знаеме е дека тој на соиграчите им рекол дека е лут. Медиумите напиша се и сешто и не можам да им дадам преголема важност. По Купот на конфедерации ќе разговарам со него, изјави Перез за „Еспања“ радио.

Перез уште еднаш застана во одбрана на официјално најдобриот фудбалер во Европа.

– Тој е човек со интегритет и ги исполнува сите свои обврски. Постојат многу луѓе кои сакаат да го повредат, а ние се радуваме што е наш играч. Јас сум убеден дека тој ќе остане во Реал, додаде Перез.

Би можело да ве интересира

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ