Перез: Нема сомнеж дека Модриќ е најдобар

Од:

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез верува дека никој не го поставува прашањето дали Лука Модриќ е најдобриот фудбалер за 2018 година.

Хрватот ја прекина десетгодишната доминација на Кристијано Роналдо и Лионел Меси за „Златната топка“. Модриќ, исто така, ги освои и наградите на УЕФА и ФИФА.

– Модриќ имаше феноменална година, а неговите награди го докажуваат тоа. Никој не треба да се прашува дали е најдобар. Задоволство е да се гледа како игра. Начинот на кој ја контролира топката, асистира, шутира… Вистински подарок е да имаш во тимот, тој е личност која обединува и не создава конфликти. Тоа ги обединува луѓето. Остави огромна трага во неговата ера, освојувајќи сè со Реал Мадрид, изјави шефот на тринаесеткратниот европски шампион.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ