Перез: Идејата за Суперлига е како онаа за Евролигата, а таа ја спаси кошарката

Од:

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ја спореди кошаркарската Евролига со проектот за европската фудбалска Супер лига, истакнувајќи дека идејата, која во фудбалот не заживеа, во кошарката е секојдневие.

– Во кошарката играме во домашно првенство и во Евролига и сè е во ред. Евролигата е формирана со клубови од Грција, Турција, Русија … и кошаркарскиот тим на Баерн, исто така, се натпреварува. Овој проект е важен, во кошарката веќе е спроведен во дело и никој не се бунеше. Евролигата ја спаси европската кошарка, рече Перез во интервју за шпанското радио „Кадера Сер“.

Реал Мадрид, на чие чело е Перез, беше меѓу 12. клубови кои ја формираа фудбалската Супер лига од затворен тип, а по големиот притисок од фудбалската јавност и острото противење од УЕФА и навивачите ширум Европа, проектот Суперлига траеше неполни 72 часа.

Би можело да ве интересира

Енрике конечно повика фудбалер од Реал во репрезентацијата

А1он

Барселона без Араухо, Дембеле и Педри на дербито со Реал

А1он

Давид Алаба е позитивен на коронавирусот, само што дојде во Реал

Жарко Настоски

Фудбалската федерација на Англија ќе истражува како дошло до создавањето на Суперлигата

Жарко Настоски

Челзи и Реал ремизираа, борбата за финале отворена пред реваншот

Жарко Настоски

Реал стравува дека УЕФА преку судиите ќе му се одмаздува во ЛШ поради Суперлигата

Жарко Настоски