Во драматична пенал-завршница, Наполи вечерва ја освои шестата титула во Купот на Италија – на пенали, со 4:2, го совлада Јувентус, откако мечот и по 90 минути заврши без голови.
Тимот на Џенаро Гатузо, кој беше сметан за аутсајдер во финалето, беше подобар во текот на целиот натпревар и целосно го надигра својот противник, а само брилијантните интервенции на ветеранот Џанлуиџи Буфон ги спречуваа „небесно-сините“ да стигнат до триумфот и во регуларните 90 минути (не се играа продолженија како заштитна мерка за фудбалерите по долгата пауза).
Полскиот интернационалец Аркадиуш Милик беше стрелец на победоносниот удар од белата точка, додека Кристијано Роналдо, кој се бореше за својата прва титула во купот откако дојде во Италија пре две сезони, не стигна да шутира пенал за Јувентус.