Пелистер и Вардар на врвот во Првата фудбалска лига

Од:

Екипити на Пелистер од Битола и актуелниот шампион Вардар се најдоа на делба првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево во дербито на 4.коло ги совлада своите ривали.

Пелистер беше убедлив против досегашниот лидер Работнички, додека Вардар забележа триумф над Брегалница.

На другите две средби немаше победник. Постигнати резултати:

Пелистер – Работнички 3:0,
Вардар –Брегалница 5:1,
Шкупи – Ренова 0:0 и
Силекс – Македонија ЃП 1:1.

Утре играат Шкендија и Победа.

Пелистер и Вардар по четири рунди имаат ист број бодови и ист број постигнати и примени голови (10-2).

Табелата: Пелистер 10 бодови, Вардар 10, Работнички 9, Силекс 7, Ренова 5, Шкендија 3 (2 натпревара помалку), Шкупи 2 (натпревар помалку), Македонија ЃП 2, Брегалница 1, Победа 0 (натпревар помалку).

Би можело да ве интересира

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

76-годишен скопјанец е планинарот кој почина на Пелистер, потврди МВР

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он

Фудбалерите на Вардар останаа без плата, Комитите собираат пари: Цобе сите не изневери

Горан Наумовски