Пеле: Се чувствувам добро

Од:

Легендата на бразилскиот и светски фудбал Пеле дематира дека е префрлен на интензивна нега во болница во Сао Паоло. Пред две недели му беше извршена операција поради проблеми со камен во бубрег, а повторно е во болница поради уринарна инфекција.

–  Сакам да ве известам дека сум добро. Не сум на интензивна нега, туку сум во посебна соба поради приватност – изјавил Пеле.

Пеле, кој има 74 години само три дена по операцијата беше пуштен од болница, но сега повторно е под лекарска контрола. Се очекува фудбалската легенда Пеле брзо да ја напушти болницата откако здравствената состојба ќе му биде нормализирана.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ