Пасторе го напушта ПСЖ

Од:

Италијанскиот гигант Милан покажа сериозен интерес за играчот за врска на ПСЖ, Хавиер Пасторе, кој во скора иднина би можел повторно да се врати во Италија.

„Росонерите“ сакаат да придобијат на квалитет во средниот ред, па идеално решение за тоа, според мислењето на раководството, е Аргентинецот Хавиер Пасторе.

Пасторе со голем успех го носеше дресот на Палермо каде се етаблираше во еден од најдобрите плејмејкери во Европа, па во 2011 година за сума од 42 милиони евра премина во богатиот и амбициозен Пари Сент Жермен.

Европските медиуми пишуваат дека ПСЖ нема ништо против од овој трансфер и дека се спремни да го ослободат Аргентинецот за сума од 20 милиони евра плус потписот на Игнацио Абате.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он