Панчев: Плачи Нејмар, плачи, Хрватите се посилни

Од:

Хрватската фудбалска репрезентација трет пат во последните 20 години избори пласман меѓу најдобрите репрезентации во светот. Хрватите беа трети во 1998 година, втори на претходниот Мундијал во Русија. Вчера „коцкестите“ го елиминираа Бразил во четвртфиналето.

Големиот успех на Хрватска за порталот „Индекс“, го коментираше македонската легенда Дарко Панчев.

Воодушевен од успехот на Хрватска, Панчев рекол дека „избраниците на Далиќ победуваат на начин на кој тоа некогаш го правеа Италијанците“.

„Натпреварот го гледав заедно со легендите на македонскиот фудбал, Бобан Бабунски и Васил Рингов. Кога заврши натпреварот, бевме среќни, се гушкавме, а Васил рече: „Тоа е тоа и заедно го гледаме хрватското полуфинале за да им донесеме среќа на Хрватите“.

„Кога заврши натпреварот викав: „Плачи Нејмар, плачи, Хрватите се посилни. Не е чудно што толку силно навивавме за Хрватска во Скопје. Впрочем, тоа е земја од поранешна Југославија. За кого да навиваат Македонците на Мундијалот освен за Хрватска? Добро, можеби ние постарите што живеевме во иста земја навиваме пожестоко, но и овие помладите, барем тоа што успеав да го забележам, се радуваат на Хрватска“, рекол Панчев.

На крајот Панчев истакнал дека хрватска има шанси против Аргентина, која воопшто не го импресинирала со своите настапи во досегашниот тек од Мундијалот.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Панчев: Не сум Бред Пит, ама се снајдов солидно во снимањето

Ана Ололовска

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он