(ВИДЕО) Падна еден од најстарите спринтерски рекорди: Грент Холовеј со ново најбрзо време во историјата на 60 метри со пречки

Од:

Нов светски рекорд во најкусата спринтерска дисциплина, 60 метри со пречки во сала, постигна денеска американскиот атлетичар Грент Холовеј на митингот во Мадрид, истрчувајќи ја патеката за 7,29 секунди.

Актуелниот светски првак на 110 метри со пречки беше за една стотинка побрз од најдоброто време што од 1994 година беше во сопственост на Британецот Колин Џексон, легендата на спринтерските патеки, кој долго време го држеше и рекордот на подолгата патека од 110 метри.

Второпласиран на трката во Мадрид, со дури 22 стотинки заостанување зад Холовеј, беше светскиот првак на 60 метри со пречки во сала, Ендрју Поци од Велика Британија,

За новиот светски рекордер ова беше 54-та последователна победа во трките на 60 метри со пречки во сала.

Би можело да ве интересира

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди

(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка

Откриена заднината на скандалот со најбавната спринтерка досега, реагираше државата