Осуммина убиени во прослава на титулата на Палмеирас

Од:

Осум лица се смртно погодени во предградие на Сао Паоло, за време на прославата на победата на локалниот фудбалски тим Палмеирас во финалето на бразилскиот куп, јави полицијата.

Неколкумина напаѓачи на мопеди и со автомобили, во движење, отвориле оган врз насобраните на неколку различни локации во Осаско, населба на западниот крај на Сао Паоло.

Полицијата наведува дека напаѓачите го искористиле општото славење за да го прикријат пукањето.

Со победата Палмеирас обезбеди директен пласман во Купот Либератадорес во следната сезона.

Седум лица биле убиени на лице место, додека едно починало во болница. Има и многу други повредени.

Пукањето се случило во близина на бар каде се продавала дрога, наведуваат официјални претставници.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски