Официјално: Дани Блинд нов селектор на Холандија

Од:

Поранешниот репрезентативец и капитен на Холандија, Дани Блинд, е назначен за нов селектор на популарните „лалиња“.

Фудбалската федерација на Холандија и официјално го назначи за наследник на Гус Хидинк, кој си поднесе оставка од функцијата откако не забележа позитивни резултати во изминатите месеци, како на пријателските мечеви така и на квалификациите за ЕП 2016 што ќе се игра во Франција.

Холандија се наоѓа во незавидна позиција во квалификациската група, каде што го зазема третото место, со минус пет бода во однос на лидерот Исланд и три бода помалку од Чешка.

Дани Блинд ќе има тешка задача да го консолидира националниот тим и да обезбеди директен пласман на Европското првенство.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ