ВИДЕО: Нејмар се расплака на забавата за неговиот роденден

Од:

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар втора година по ред го прославува својот роденден повреден и не можеше целосно да ужива во големата забава што ја организираше во главниот град на Франција.

Над 500 гости, вклучувајќи ги блиските на Бразилецот и неговите соиграчи, го прославија празникот на Неј Џуниор.

Популарниот ди-џеј Боб Синклер и бразилскиот пејач Весли Сафадан учествуваа во забавата.

Самиот Нејмар, кој наполни 27 години, се движеше со патерици и одржа емотивен говор говор. Како што зборуваше, напаѓачот не можеше да ги задржи солзите.

– Спортистите знаат колку е тешко да стојам тука со патерици. Но вие ми помагате да бидам силен. Се чувствувам среќен, благодарение на вас. Повеќе од се сакам да се вратам на теренот и да го правам она што најмногу сакам – да играм фудбал. Најдобар подарок за мене би бил нова метатарзална коска, рече Нејмар.

Тој призна дека по добиената повреда имал намера да ја откаже забавата, но се откажал од плановите за да не ги разочара своите пријатели.

Најактивни во забавата беа Килијан Мбапе и Даниел Алвеш, кои покажаа вештини во танцување во позадина на бразилскиот хит „Parado no Bailão“. Нејмар, исто така, се придружи, иако беше тешко да се движи.

Бразилскиот ас се повреди при победата на ПСЖ над Стразбур за Купот на Франција на 23 јануари. Ако се оди нормално, тој треба биде подготвен за игра во средината на април и да е на линија за четвртфиналето во Лигата на Шампионите, ако пред тоа неговиот тим се справи со Манчестер Јунајтед.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ