Неизвесно дали Федерер ќе продолжи со кариерата

Од:

Тренерот на Роџер Федерер, Иван Љубичиќ го даде своето мислење за иднината на швајцарскиот Маестро и откри дека сè уште не навестил за крај на кариерата.

41 годишниот Хрват, кој соработува со Роџер од 2015 година, ја сподели неговата физичка состојба и неговите шанси да продолжи во 2021 година.

Светскиот број 4, кој ќе наполни 40 години следниот август, беше подложен на операција на коленото во февруари и планираше да ја пропушти сезоната на земја уште пред кризата да го запре тенисот.

Љубичиќ откри дека 20 кратниот Гренд-слем шампион не ни навестил за неговото пензионирање и дека карантинот не влијаел на неговите планови за сезоната.

„Роџер се опоравува и во моментов поминува рехабилитација по операцијата. Карантинот не менува ништо за нас. Лошата среќа што ја имавме со оваа ситуација нема да влијае на нашата програма. Не зборувавме за 2021 година. Времето не запира и тој ќе има 40 години следната година, но тој сè уште не навестил за можно прекратување во кариерата, изјави тој за „Скај Италија“.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ