Натпреварувањата од Премиер лига нема да продолжат ниту во мај

Од:

Раководството на Премиер лигата соопшти дека натпреварувањето нема да продолжи ниту во мај.

На вонредниот состанок денеска, на кој беше разгледана актуелната состојба и прекинот на сите активности поради пандемијата на коронавирус, е заклучено дека здравјето на луѓето е приоритет, а фудбалските услови ќе продолжат што се добијат услови.

Поради прекинот на Премиер лигата, англиските фудбалски клубови бележат големи финансиски загуби, а како одговор на тоа се најавите за понуди на договори за играчите со 30 отсто помали плати.

Договорено е да се формира и фонд од 125 милиони фунти за помош на оние тимови кои подлабоко ќе западнат во криза.

Коронавирусот се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија на коронавирус на 11 март оваа година

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ