Ванда Нара, сопруга и агент на аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди, радикално го смени своето мислење во врска со трансферот на напаѓачот во ПСЖ на позајмица од Интер.
Претходно, аргентинскиот печат ја објави нејзината изјава во која Нара рече дека ова е најлошата можна опција.
ПСЖ беше најдобрата опција за Мауро. Затоа, ја прифативме понудата. Постои високо ниво на барања. Но, ова е најдобрата опција. Целото семејство е гордо. Ова е моја единствена изјава, изјави Нара.
Икарди по шест години поминати во Интер, од оваа сезона ќе игра за ПСЖ како позајмен фудбалер.