Наесен повторно фудбал пред полни стадиони, најави првиот човек на УЕФА

Од:

Завршницата на Лигата на шампиони покажа дека фудбалот и во услови на пандемија може да се игра во присуство на публика, а доколку истата слика се повтори и на ЕУРО 2020, наесен стадионите повторно ќе можат да бидат исполнети со целиот капацитет, оцени денеска претседателот на УЕФА Александар Чеферин.

– Знаевме дека играњето пред празни трибини е досадно, па беше многу емотивно да се види публиката на стадионот, рече Чеферин, навраќајќи се на неодамншеното финале во Лигата на шампиони меѓу Челзи и Манчестер сити, кое од трибините на стадионот „Драгао“ во Порто го следеа околу16.000 гледачи.

– Тој натпревар покажа дека полека се враќаме во нормала и доколку на Европското првенство сè се одвива како што треба, во тој случај наесен стадионите повторно би морале да бидат полни ако јас се прашувам, а тоа, сепак, не се случува секогаш, наведе челникот на УЕФА во изјава за словенечките медиуми.

Околу присуството навивачи на претстојното ЕУРО2020, Чеферин рече дека „проблематични“ во оваа фаза се натпреварите што ќе се играат во Германија и Велика Британија, поради мутациите на Ковид-19.

– Состојбата се менува од ден на ден, па ќе видиме што ќе се случува до почетокот на Европското првенство. Освен тој германски проблем и помали тешкотии во Шкотска, на другите локации сè се одвива во најдобар ред, посочи Чеферин.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ