Надал: Си докажав себе си, колку можам

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по триумфот на Мастерсот во Индијан Велс изјави дека се сомневал дека повторно ќе се врати на врвот, но сега на себе си, си докажал колку може.

Надал во финалето го совлада Хуан Мартин Дел Потро со 4:6, 6:3, 6:4, со што стигна до 600-та победа и 22 Мастерс трофеј во кариерата.

-Многу нешта ми се случија во текот на претходните месеци, така што неверојатно е што сум овде, со овој тежок пехар во раце. Имаше навистина тешки моменти, се сомневав во себе, но сега си докажав и некои работи – изјави по финалето Надал.

Тој сезоната ја започна на импресивен начин, а само во Вин Дел Мар беше совладан од Марсел Себаљос во финале, по што освои 3 трофеи, со 14 победи во низ.

-Кога имате вакво враќање, како што е случајот со мене, тогаш се потсетувате на сите детали, тешки моменти кои се случија во текот на долгата пауза. Се надевам дека го поминав сето тоа и дека само ќе ги паметам луѓето кои што ми помогнаа во тој период – изјави шпанскиот тенисер.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари