Надал се повлече од US Open

Од:

Третиот тенисер на светот, Рафаел Надал објави дека нема да учествува на овогодинешниот US Open поради повреда на колената.

„Рафаел не извести дека нема да се натпреварува на US Open оваа година и се повлече од турнирот“.

„Се надеваме дека наскоро ќе го видиме на теренот и се радуваме на неговото враќање во Љујорк следната година“, изјави преку соопштение, директорот на турнирот, Дејвид Бруер.

Надал претходно ги пропушти Олимписките игри и Мастерсите во Торонто и Синсинати.

„Со големо жалење ви соопштувам дека не сум подготвен да играм на US Open во Њујорк. Благодарност до моите навивачи за поддршката“, напиша Рафа на својот Твитер профил.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари